Бошко Бабиќ (, – , ) — македонски археолог[ http://promacedonia.org/mak_enc/encyclopaedia_macedonica_1.pdf / Бошко Бабиќ].

Во долгогодишната научно-истражувачка активност зад себе оставил голем број на стручни трудови. Добитник бил на голем број домашни и меѓународни награди, признанија и ордени. Покрај делувањето во струката, учествувал во севкупниот културен живот во Прилеп и пошироко. Активно учествувал во работата на списанието „Стремеж” , како долгогодишен член на редакцијата и во еден период и како негов главен уредник. Бошко Бабиќ бил и прв претседател на театарските игри “Војдан Чернодрински”. Автор бил на повеќе филмски и телевизиски сценарија, елаборати и проекти.

Животопис Дипломирал историја на уметноста во Белград (1955), а докторирал на Универзитетот во Лублин, НР Полска (1980). Тој бил основач на Народниот музеј во Прилеп и воедно бил негов директор (1955–1980). Тој бил основач и директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп во раздобјето 1980–1989 година. Тој организирал повеќе ликовни колонии (вајарство во дрво и мермер). Тој бил уредник на списанието за култура „Стремеж“. Тој бил претседател на САДЈ (1972–1976). Тој бил Основач на МАНД во 1970 година, и бил негов прв претседател. Тој воспоставувал соработка со археолошки и со конзерваторски институции од Полска.

Во рамките на меѓународниот проект „Енциклопедија на раната историја на Европа“, тој бил координатор за СФРЈ.

Наводи

Надворешни врски Зборник посветен на Бошко Бабиќ

Категорија:Македонски археолози Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски археолози Категорија:Југословенски општественици Категорија:Југословенски уредници Категорија:Босанскохерцеговски археолози Категорија:Босанскохерцеговски општественици Категорија:Босанскохерцеговски уредници Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет