Душан Томовски (, - , ) — македонски преведувач, професор Душан Томовски. Животопис Дипломирал на четири групи на Филозофски факултет Скопје: физика, германски јазик и литература, француски јазик и литература, англиски јазик и литература.
Работел како професор на Филозофскиот факултет (шеф на Катедрата за германски јазик и книжевност). Творештво Негови најзначајни преводи биле: „Фауст “ од Гете (прв дел, 1977, втор дел, 1978; „Малечката Фадета “ од Ж. Санд (1963); „Песна за Нибелунзите “ (1979); Дуински елегии / Сонети за Орфеј од Р. М. Рилке (1983).
Ги превел и антологиите: Современи германски раскази (1976, со Р. Грчева); Германска поезија на 20 век (1978) Австриска поезија на 20 век (1982, со Р. Грчева). Посмртно бил одликуван со високото германско признание „Гетеов медал “. Наводи
Надворешни врски / ЗА ДЕЈСТУВАЊЕТО HA АНАЛОГИЈАТА
Категорија:Македонски преведувачи