Тема Селевкија (, тема Селеукиас) била римска тема (воено-цивилна провинција) на јужниот брег на Мала Азија (современа Турција), со седиште во Селевкија (современ Силифке).

Историја Во Доцната антика, пристанишниот град Селевкија бил престолнина на римската провинција на Исаврија и седиште на исаврискиот (Isauriae) комес.. Во VIII век, таа служела како подредена команда, најпрво под тумарх, а потоа и под дронгар, на поморската тема на Кивериот. Како и да е, во раниот IX век се појавува како мала клисура (зацврстена гранична команда), поставена меѓу поголемите римски теми Кивериот, Анадолија, Кападокија и морето, и граничејќи со поседите на Абасидскиот Калифат во Киликија долж реката Ламос... Според арапските географи Кудамах ибн Џафар и Ибн Хордадбех, во IX век клисурата ја сочинувале Селевкија како главен град и уште десет тврдини, со 5.000 мажи, од кои 500 биле коњаници.

Клезурата била подигната до статус на целосна тема некаде во времето на Роман I Лекапин (вл. 920–944), најверојатно ок. 927–934... Според „За управувањето на Империјата“(De Administrando Imperio) на императорот Константин VII (вл. 913–959), темата била поделена на две команди, една за внатрешни работи и крајбрежна/поморска.

Регионот падна во рацете на Турците-Селџуци по Битката кај Манцикерт во 1071 година. Во тоа време, планинската внатрешност на регионот била претежно населена со Ерменци кои се населиле таму во текот на претходниот век. Римјаните ја повратиле областа и ги преутврдиле Селевкија и Корикос во 1099/1100 година, по што станала повторно седиштето на римскиот воен управник (дукс). Таа останала римска провинција сè до кратко после 1180 година, кога била освоена од Ерменското Кралство Киликија..

Наводи

Извори

Категорија:Византиска Анадолија Категорија:Византиски теми Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:CS1-одржување: ref=harv Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со извори на германски (de)