Енгелана (Кулишта) — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува утврдена населба од раната антика и старомакедонско времеОхрид. Тврдината е градена од масивни, добро обработени блокови од камен.
Наоѓалиштето е сместено 5 км северозападно од Охрид, над пештерната црква „Св. Еразмо“. Ова место се нарекува Габавски Рид, кој се извишува во планината Галичица. Објектот го носи прекарот Македонската Микена заради киклопската градба на рушевините.wikimapia.org – Archaelogical site of Egelana
Опис и одлики Според археолошките истражувања, монументалната градба на ова утвдена населба датира од IV век п.н.е. и била престолнина на племето Енхелејци (Енгелани), подоцна наречени Десарети. Тие во антиката го населувале подрачјето околку денешен Охрид и на запад граничеле со териториите на Илирите. Според археологот Паско Кузман ова племе не е илирско или старогрчко, туку е дел од етничките супстрати од кои подоцна настанал македонскиот народ. Се смета дека Енхелејците ги основале градовите Лихнид (претходник на денешен Охрид) и Енхалон (веројатно денешна Струга).Johann Georg von Hahn (1811 – 1896), Albanesische Studien, S.240.
Се претпоставува дека тврдината играла стратешка улога во војната на Филип II Македонски против Илирите во 358 г. п.н.е.Полибиј 5, 108
Археолошки истражувања Првите делумни ископувања на киклопските ѕидини се извршени во 1931 и 1932 г. од страна на германскиот архгеолог Вилхелм Унферакт и југословенскиот археолог Миодраг Грбиќ од Народниот музеј во Белград. Археолозите го проучувале највисокиот дел на тврдината, каде се смета дека живеел владетелот и неговиот двор, како и западните ѕидини, кои биле зајакнати од шест моќни монументални кули, изградени од мегалитни каменни блокови со големина од 1,80 × 0,90 м.V. Unverzagt, Die Burganlage uber dem Kloster Sv. Erasmo am Ochridasee, Germania XXXII, 1954, 19 – 21, Taffel 9
Во 1975 и 1976 г. под киклопските ѕидини на тврдината се откриени темелите на ранохристијанската базилика „Св. Еразмо“ со некрополата.M. Ricl, Polibije, Istorija I, Matica Srpska, Novi Sad 1988
Поврзано Енхалон Св. Еразмо (базилика) — важна старохристијанска базилика во непосредна близина Црква „Св. Еразмо“ — средновековна пештерна црква во околината Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи
Надворешни врски Киклопските ѕидини над Св. Еразмо нова туристичка атракција — Макфакс Археолошки локалитет Енгелана – Киклопски ѕидини – Охрид
Категорија:Мегалитски споменици во Македонија