Жаир Месијас Болсонаро (на ; роден во на година) — бразилски политичар и пензиониран воен офицер кој е претседател на Бразил. Избран е во 2018 година како член на конзервативната Социјално-либерална партија, иако подоцна истата ја напуштил. Болсонаро е на претседателската функција од 1 јануари 2019 година. Претходно членувал во бразилскиот Пратенички дом, претставувајќи ја сојузната држава Рио де Жанеиро во периодот помеѓу 1991 и 2018 година.
Болсонаро е гласен противник на истополовите бракови и хомосексуалноста, абортусот, афирмативната акција, либерализацијата на дрогата и секуларизмот.LGBTQ Brazilians on edge after self-described 'homophobic' lawmaker elected president, NBC News Во надворешната политика на Бразил се залага за поблиски односи со САД и Израел. За време на претседателската кампања во 2018 година, тој почнал да се залага и за економско либерални и пазарни политики. Како контроверзен политичар, неговите ставови и коментари, кои често се опишани како крајно десничарски и популистички по природа, привлекуваат и пофалби и критики во Бразил.
Животопис Болсонаро е роден во гратчето Глисерио, во сојузната држава Саун Пауло. Дипломирал на Воената академија Агуљас Неграс во 1977 година и служел во теренско-артилериски и падобрански единици на бразилската армија. Ѝ станал познат на јавноста во 1986 година кога во интервју за магазинот „Veja“ ги искритикувал ниските плати за воените офицери, по што бил уапсен и останал во притвор петнаесет дена. Една година подоцна истото списание го обвинило дека планира да постави бомби во воени единици, обвинувања кои Болсонаро ги негирал. По првостепено обвинување, Жаир бил ослободен од Врховниот воен суд на Бразил во 1988 година.
Истата година се префрлил во армиските резервисти со чин капетан и влегол во политиката, кандидирајќи се за член на Општинската комора на Рио де Жанеиро како припадник на Христијанската демократска партија. Во 1990 година Болсонаро бил избран за член на долниот дом на Конгресот и следствено одново бил избиран на истата функција во шест мандати. За време на неговото 27-годишно членување во бразилскиот Конгрес, тој станал познат по силната поддршка кон националниот конзервативизам.
Претседател на Бразил Болсонаро ја соопштил својата намера да се кандидира за претседател во март 2016 година како член на Социјалната христијанска партија. Сепак, тој ја напуштил партијата во 2018 година и ѝ се приклучил на Социјално-либералната партија, по што ја започнал својата претседателска кампања во август истата година, заедно со пензионираниот генерал Хамилтон Моуран кој со победата на Болсонаро станал потпретседател на државата.
За време на претседателската кампања, Болсонаро бил прободен со нож во стомакот на 6 септември 2018 година додека имал интеракција со свои поддржувачи во градот Жуиз де Фора во Минас Жераис. На крајот на месецот Жаир бил пуштен од болница и се вратил во неговиот дом во Рио. Сепак, неговата здравствена состојба влијаела на неговото учество во кампањата. По излегувањето од болница, се случиле неколку протести за и против Болсонаро и неговите политички гледишта. Неговите противници се обединиле под геслото „Не тој“ (Ele Não) кое прераснало во движење со претежно феминистички гледишта.
Болсонаро се претставил себеси како аутсајдер и поддржувач на семејните вредности. Успеал да го освои првото место во првиот круг од општите избори кои се одржале на 7 октомври 2018 година, додека на второ место бил кандидатот на Работничкаta партија, Фернандо Хадад. Двајцата кандидати се соочиле во вториот круг на изборите на 28 октомври, на кој Жаир Болсонаро победил со 55,1% од гласовите.
Болсонаро го составил својот кабинет поставувајќи армиски офицери на клучни позиции. Пред да се случи неговата инаугурација, тој изјавил дека ќе ги пополнува позициите во неговата влада врз основа на технички квалификации наместо според идеолошки симпатии. И покрај ова, за време на неговото претседателство, многу од функционерите влегувале во идеолошки судири со владата.
Болсонаро се фокусирал на внатрешната политика во првите месеци од стапувањето на функцијата, занимавајќи се првенствено со последиците од бразилската економска криза која се случила во 2014 година. Во првата година од неговото претседателство, иако бавно, економијата се опоравила, додека стапката на криминал почнала нагло да опаѓа. Повеќе скандали ги одбележале првите години на неговата администрација. Во 2019 година, Болсонаро ја напуштил партијата со која дошол на власт поради конфронтација со другите членови, и следствено формирал своја политичка организација. За време на неговото претседателство, тој ја одвратил заштитата на домородните групи во дождовните шуми на Амазонија.
Одговорот на Болсонаро на пандемијата на COVID-19 во Бразил бил критикуван низ целиот политички спектар. Тој пробал да ја минимизира пандемијата и нејзините последици, се спротивставил на мерките за карантин и отпуштил двајца медицински квалификувани министри за здравство, додека бројот на смртни случаи во Бразил рапидно се зголемил. Како резултат на овие политики, јавното мислење, кое било поволно за него во текот на неговата прва година на претседателската функција, станало негативно во текот на 2020 година.
Наводи
Категорија:Претседатели на Бразил Категорија:Бразилски политичари Категорија:Живи луѓе