Марија Владова Камишова - Нонча ( година во - во месноста Речани, ) — македонска работничка, организатор на работничкото и младинското движење, борец на велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од 1942 година.
Животопис
Таа била монополска работничка. Пронзлегува од многу бедно семејство и од најраната младост била принудена да работи во велешкиот монопол. Станала член на СКОЈ (од 1939) и на МК на КП за Велес (од 1942).
Во aвгycт 1942 година, при обидот да биде уапсена, успеала да побегне од рацете на бугарската полиција и заминала во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Учествувала во сите акции на Одредот. Во есента 1942 година со групa борци од Одредот заминала за Куманово, но наскоро, со групата се вратила на велешкиот терен. Борците се сместиле во една колиба, во месноста, Речански бавчи. во близината на Башино Село, Велешко. Меѓутоа, биле откриени и обиколени од 300 војници и полицајци. На повикот да се предадат, тие одrоворпле со огин и песна. Во престрелката зaгинaлe сите борци, меѓу кои н Нонча.Ѓорѓи Малковски, „Речани – последната битка за слободна Македонија“, „Нова Македонија“, 15.01.2020.
Во нејзина чест Во родниот град Велес, постоела позната фабрика за свила и текстил, која го носела нејзиното име. Постојат улици именувани по неа, а во 2017 година, е направена и театарска претстава посветена на животот и делото на Марија Нонча Камишова. Сценарист и режисер е Љупчо Данов, а улогата на Нонча ја игра Магдалена Арсовска, ученичка во гимназијата „Кочо Рацин“.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Македонски партизани