Миле Корубин (роден на година во - починал на година во ) — македонски сликар и педагог.

Животопис

Миле Корубин е роден во 1922 година во Прилеп. Во 1951 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Работел во Историскиот музеј во Македонија. Специјализирал во Париз во 1963/64 година. Неговиот сликарски опус минува низ неколку различни дискурси. Во раната фаза доминантни се влијанијата на некои француски сликари. Најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации. Добитник е на многу награди и признанија. Починал во 2000 година .

Наводи

Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари