Александар Христов (, - , ) – македонски универзитетски професор и академик.
Животопис Христов дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1939 година и на истиот докторирал во 1954 година на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“. Бил еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Во 1979 година бил избран за дописен, а потоа и за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Бил помошник на јавниот обвинител на Македонија, помошник на јавниот обвинител на Југославија, пратеник во Собранието на СФРЈ, директор на Институтот за национална историја во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и декан на Правниот факултет во Скопје (1969/70-1970/71).
Творештво Објавил неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја. Управно право, Скопје, 1958; КПЈ во решавањето на македонското прашање 1937-1944, Скопје, 1962; Создавање на македонската држава 1893-1945, Скопје, 1971; Создавање на македонската држава 1878–1978, 1–4, Скопје, 1985.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски академици Категорија:Македонски правници Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски академици Категорија:Југословенски правници Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет