Душан Манаковиќ (роден на година во - починал на година во ) — македонски геоморфолог, редовен професор на Институт за географија, Природно-математичкиот факултет.
Животопис
Манаковиќ завршил основно и средно образование во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 година, работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за индустрија и рударство на НР Македонија. Студиите по географија ги завршил како вонреден студент во 1952 година. Во 1954 година бил избран за асистент на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1960 година докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Геоморфологија на поречието на Бабуна и Тополка со Титоввелешката Котлина“. Во 1961 година, бил избран во звање доцент, во 1966 година, за вонреден професор, а во 1972 година, за редовен професор, во кое звање бил преизбран во 1981 година. На 1 мај 1980 година, тој станал декан на Географскиот факултет. Основач е и претседател на Спелеолошкото друштво на Република Македонија. Главно работи во областа на геоморфологијата и има обработено поголем број студии и проекти. Во редовна пензија заминал во 1985 година.
Манаковиќ бил генерален секретар на Сојузот на спелеолозите на СФРЈ, претседател на Феријалниот сојуз при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил учесник во следните проекти: „Геоморфологија на Буковиќ“; „Бистра“; „Мариово – комплексни географски истражувања“; „Геоморфолошка карта на Р Македонија“, и повеќе секторски студии работени за Институтот за просторно планирање.
Починал во 1995 година во Скопје.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Македонски геоморфолози Категорија:Југословенски геоморфолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје