мини|Drosera rotundifolia Круголисна дрозера (науч.: Drosera rotundifolia) — многугодишно тревесто растение со цветно стебленце високо 10–20 (до 30) см. Се развива на влажни места (тресетишта) и спаѓа во групата загрозени видови.Дрозера, круголисна

Опис и распространетост

Круголисната дрозера има ретки повеќеклеточни влакна по површината и листови во основата. Листовите најчесто се распоредени хоризонтално, со дршки долги 1–3 см и со долги многуклеточни жлездести влакна; ламината е скоро округла, со пречник 5–10 мм, нагло стеснета во дршка, одоздола мазна, гола и зелена, а одозгора со долги црвени жлездести влакна кои се скратуваат кон средината. Цветното стебленце е без листови, се развива во пазувите на најгорниот лист и има 6–10 цветови на врвот; цветните дршки се долги 1,5–2 мм. Има пет чашкини ливчиња, елиптични, долги 3,5–4 мм, со жлезди по работ и сраснати околу една третина во основата. Венечните ливчиња се бели, долгнавесто-јајцевидни, долги 4–6 мм. Има пет прашници. Столпчињата се 3, расечени до основата на два дела. Кутијката е јајцевидна, гола и подолга од чашката која налегнува врз неа. Семките имаат неправилна мрежеста структура на површината.

Круголисната дрозера е инсективорен вид со многу ограничено распространување на територијата на Македонија, само во околината на Пехчево (Јудови Ливади). Се среќава исклучиво по тресетишта со сфагнум, на надморска височина од 1.000–1.200 м.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Месојадни растенија