Никола Матовски (роден на година во Скопје - починал на година во ) — македонски правник и универзитетски професор.

Животопис

Матовски завршил гимназија во 1957 година и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1961 година, каде што бил избран за асистент по предметот Кривично процесно право со криминалистика (1964), потоа за предавач (1969), за вонреден (1979) и за редовен професор (1985). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1967), а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Улогата на бранителот во кривичната постапка“ (1977). Во мај 2004 година се пензионирал.

Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1985–1987) и претседател на Здружението на Обединетите нации за РМ (1991–2001). Објавил повеќе научни и стручни трудови во домашни и во странски списанија од областа на кривичното процесно право.

Наводи

Категорија:Правници од Скопје Категорија:Југословенски правници Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори