Томо Босанац (, - , ) – електроинженер, доктор на технички науки, редовен професор на Електротехничкиот факултет во Загреб, член на ЈАЗУ (ХАЗУ) и член на МАНУ надвор од работниот состав од 1994 година.

Животопис Босанац е роден во Стари Плавници, населба во Бјеловар, на 15 мај 1918 година. Работејќи во фабриката „Раде Кончар“ (каде што еден период бил и директор) реализирал голем број комплексни проекти меѓу кои и генераторите за ХЦ „Вруток“. Од владата на ФНРЈ во 1949 година ја добил наградата „Никола Тесла“. Бил директор на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ во Загреб. Работел на честотни инвертори и на нивната примена главно за топлински цели.

Творештво „Јадрена пропулзија“ (со Буљан и Стибиљ), „Електромагнетни полиња“

Наводи

Категорија:Хрватски стопанственици Категорија:Академици на МАНУ