Кирил Муратовски (роден на година во - починал на година во ) — македонски архитект.

Животопис

Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје во 1957 година. Како проектант работел во проектантското претпријатие „Проектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени згради, проектирал и остварувал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни остварени градби: Стоковна куќа во Кавадарци (1965); Конзулат на Р. Франција во Скопје (1966); Градски плоштад во Тетово (1967); комплекс на Музеи на Македонија во Скопје (со М. Томиќ); деловна зграда на ЗОИЛ „Македонија“ во Скопје (1977, со М. Сидоски).

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски публицисти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Југословенски публицисти