Љубен Најденов (роден на година во - починал на година во ) — македонски архитект.
Животопис
Љубен Најденов дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1954 година. Магистрирал на Универзитетот во Беркли, САД во 1965 година. Бил редовен професор на Архитектонскиот отсек. Освен со педагошка и публицистичка дејност се занимавал и со архитектонско проектирање. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Неговиот опус е богат и разновиден, а најзначајни се: хотелот „Ривиера“ во Охрид (1959); Стоковната куќа во Охрид (1961); Домот на културата во Делчево (1971); хотелот „Дрим“ во Струга (1970); Клиниката за кардиологија во Скопје (1978). Објавил повеќе трудови што ја третираат проблематиката од областа на училишните објекти.
Наводи
Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски универзитетски професори