Основно училиште „Лазо Ангеловски“ (официјално: Основно општинско училиште „Лазо Ангеловски“ - Аеродром; скратено: ООУ „Лазо Ангеловски“) — централно основно училиште во скопската населба Ново Лисиче, Општина Аеродром. Училиштето во 2007 година е прогласено за најспортско основно училиште во Македонија. Тоа е едно од поголемите училишта во Македонија, со најголем број на ученици.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски национален деец Лазо Ангеловски.

Познати личности кои учеле во ова училиште Елена Ристеска (поп пејачка) Ивана Ивчевска (скијачка) Стефан Филиповски (пејач во бендот Next Time) Мартин Филиповски (гитарист во бендот Next Time) Ивица Коневски (градоначалник на Општина Аеродром) Дамјан Стојановски (кошаркар) Војдан Стојановски (кошаркар) Стојанче Стоилов (ракометар)

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Аеродром Аеродром Категорија:Ново Лисиче Категорија:Основни училишта во Македонија