Марков Камен — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува некропола од хеленистичко време Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069,. На рамнината што се издига над градските гробишта, од западната страна, поточно во некогашната нива на Јордан Арнаудов од Штип, во 1960 година се откриени и истражени два гроба од типот циста, со конструкции од монолитни камени плочи. Гробовите биле прекопани порано, така што надвор од нив се најдени ситни коски од скелетите на умрените, фрагменти од широка паница и две фибули од „малоазиски тип“. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.
Иван Микулчиќ, 1965, 147 Поврзано Калимерово — населба од доцноантичко време; Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време; Паскова Чешма — осамен наод од римско време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ново Село (штипска населба)