Турски Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Црешка. Претставува тумул од железно време,Штип. На североисточниот крај на селото има малку подигнато зарамнето плато, со димензии од 400 × 40 м, на кое на источниот крај се наоѓа добро зачуван тумул висок 1,20 м и со пречник во основата од 12 м. Во средината има траги од секундарно копање, на повр- шината се гледаат камења а во основата се насетува венец од реден камен. На него и околу него има гробови со нишани од турското население што живеело во селото до педесеттите години.

Поврзано Исар - Чрешче — доцноантички опидум и средновековно градиште со некропола; Полиса — некропола — тумули од железното време и средновековна црква со некропола; Турски Гробишта — тумул од железното време; Црешка; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Црешка