Тупан Куле — могила од римско време. Под врвот Селце од ридот Тупанец, десно од местото на кое патиштата од селата Аргулица и Карбинци се соодинуваат со патот за селото Бурилчево, има зарамнето плато, кое на западната страна се спушта кон полето. На неговиот североисточен крај има могила, прилично добро зачувана, со пречник во основата од околу 20,5 метри, висока 2 метри. Стотина метри северно од неа, лево од споменатиот пат, има уште една могила, која е речиси целосно деформирана, така што не можат ѝ се одредат димензиите. Според кажувањето на селаните, во век овде имало зграда „Куле“, каде турските власти наплатувале патарина.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Селски Гробишта — могила од римско време
Наводи
Категорија:Аргулица