Градиште — археолошко наоѓалиште во штипското село Руљак. Претставува средновековна црква. На една мала рамнина што се наоѓа на 1,5 км западно од селото, на левата страна на Руљачка Река се забележуваат темели од ѕидови ѕидани од кршен камен и варов малтер, широки половина метар. Димензиите на основата на градбата изнесуваат 6,50 м на 3 м, со насоченост исток-запад.
Поврзано Авлиите — доцноантичка некропола; Голо Брдо — доцноантичка населба; Крушите — доцноантичка населба; Руљак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи