Лаг — село во средишниот дел на Општина Македонски Брод, централно-западна Македонија. Оддалечено е на околу 21 км северно од општинското седиште Македонски Брод.

Географија Селото се наоѓа во областа Долно Порече, на левиот брег на реката Треска (Голема), меѓу Долни Манастирец од југ и Модриште од север.

До Лаг се стасува по локален пат кој скршнува од регионалниот пат 1106 (Јурумлери - Суводол) на 2 км јужно од Модриште.

Историја Селото е прогласено за самостојна населба во 2014 г., а дотогаш му припаѓало на крајниот североисточен дел на атарот на Долни Манастирец.

Стопанство Најзначајна дејност во селото е земјоделството. На ридските падини над Лаг е наоѓа сончевата електрана „Манастирец“ за производство на електрична енергија со моќност од 10 мегавати.

Наводи

Поврзано Долно Порече Лагот — истоимено поранешно село кај Воден, Егејска Македонија

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод Категорија:Населени места основани во 2014 година