Црвениот петел лета кон небото (српски: Црвени петао лети према небу) - роман на српскиот писател Миодраг Булатовиќ, првобитно објавен во 1959 година.
Структура мини|Корицата на романот, издание на Нолит од Београд (1982) Романот се состои од 28 глави:Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982. Глуварче и почеток Тажните браќа Белиот цвет Со ѓаволот меѓу себе Петелот Старецот и останатите Името на невестата е Иванка За нив Грабеж Прашина Младенецот побегна За нозете Задолжително Ваму петелот Кајица си игра со јарето Јаду мој Кајица и гревот Добар мој старецу Дивата круша и срцето Прегратка Немој да слеташ одозгора Недоразбирање Сите песни се мои Многу цвеќиња Браќа најродени Последната тајна Со главата до небо Луѓе, коски и кучиња
Содржина Глава 1 - 9: Во близината на Бијело Поље, Лудата Мара лежи крај патот и се превиткува во болки. По патот минуваат скитниците Јован и Петар, легнуваат да се одморат под една дива круша и ја набљудуваат свадбата во блиската куќа. Тука минуваат и пијаните гробари Среќко и Исмет, носејќи го телото на една умрена жена. Истовремено, сиромашниот селанец Мухарем заминува на пазар со намера да го продаде петелот, а притоа фантазира за својата женидба со Иванка. И тој ја здогледува свадбата, а лудата Мара му кажува дека се жени Кајица. Тогаш, Мухарем се приближува поблизу и со ужас гледа дека невестата е неговата сакана Иванка. На свадбата, зетот Кајица е целосно незаинтересиран и наместо да учествува во веселбата, тој си игра со децата крај реката. Неговиот стрико, старецот Илија, чувствува голема тага - тој е загрижен и се труди да го охрабри Кајица. На невестата Иванка ѝ е здодевно и таа размислува за својата иднина во бракот со слабиот и ситен Кајица. Таа го забележува зачудениот Мухарем и не може да си го објасни неговото збунето однесување, зашто не знае ништо за неговата љубов кон неа. Јован и Петар се многу гладни и ја набљудуваат свадбата со надеж дека некој ќе им понуди малку храна.Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 7-53. Глава 10: Додека гостите се веселат, старецот Илија цело време се наоѓа во лошо расположение, согледувајќи дека бракот меѓу Кајица и Иванка нема да биде успешен и дека нивниот род ќе пропадне. Тогаш, тој го здогледува Мухарем на патот и, на големо изненадување на гостите, се упатува кон него и го запира. Илија посакува да му ја искаже својата тага и љубов, но откако гледа дека свадбарите го следат, внимателно и љубопитно очекувајќи ја неговата реакција, за да се заштити од срамот, тој почнува да се однесува грубо кон Мухарем. Преплашениот Мухарем се присетува на своето најголемо понижување во животот кое му го направил токму Илија: одамна, кога Мухарем имал околу 15 години, Илија го соблекол гол, а потоа селаните го бркале по нивите; Мухарем успеал да побегне во шумата и оттогаш почнал да скита наоколу; пет години подоцна пак се вратил на имотот на Илија со петел во рацете и оттогаш постојано чувал петли. Следен од толпата, Илија го зема револверот и пука во петелот, но не успева да го погоди. Тогаш, Мухарем му ја бакнува раката, а Илија губи свеста и паѓа на земјата, неподвижен и без способност за говор. По бегството на Мухарем, старецот Илија безуспешно го барал во текот на три години и за тоа време живеел како просјак; потоа, изнемоштен се вратил дома, а подоцна започнал нова потрага, повторно живеејќи како просјак сè додека некои луѓе не го пронашле на пазарот во Пријепоље и го однеле дома. Таму, тој го затекнал својот имот ограбен и опустошен, но мислел само на Мухарем, кој се појавил една година подоцна.Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 54-94. Глава 11-17: По непријатната случка со старецот Илија, Мухарем останува да лежи на патот, а преку него поминува стоката која овчарите ја тераат на пазар. Свадбарите му го одземаат петелот на Мухарем, а потоа се забавуваат така што го фрлаат горе-долу и тој паѓа на земјата, здобивајќи се со тешки повреди. Потоа, четворица свадбари ја силуваат лудата Мара, а Кајица, исплашен од глетката, му го краде паричникот на главниот сват, откако претходно украл уште неколку други паричници.Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 95-136. Глава 18-25: Неколку луѓе го забележуваат повредениот Мухарем, го креваат и го носат да ѝ честита на Иванка, а потоа го принудуваат да гледа како на петелот му тураат ракија во устата. Користејќи го невниманието на пијаните свадбари, петелот летнува на едно дрво, а свадбарите пукаат во него. Иако е погоден неколкупати, петелот успева да полета кон небото. Тогаш, Мухарем успева да се извлече од свадбата и, повреден и тажен, доаѓа кај гробарите Исмет и Среќко со желба заедно да пеат. Меѓутоа, пијаниот Среќко го присилува да ја допира умрената жена и засрамениот Мухарем бега од гробиштата. На патот, него го пресретнуваат просјаците Петар и Јован, кои го канат да им се придружи, но Мухарем се кае за направениот грев на гробиштата и одлучува пак да се врати кај свадбарите со намера да побара прошка од нив.Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 137-190. Глава 26-28: Неподвижниот Илија гледа како Мухарем се влечка кон свадбарите и почнува да се исповеда во себе, откривајќи ја својата животна тајна - дека Мухарем е неговиот син. Во времето кога неговата жена била болна, неа ја негувала малоумната жена Ниџара; набргу, жена му умрела и Илија, чувствувајќи се осамен, почнал да се опива; еден ден, тој ја силувал Ниџара и таа останала бремена; за да ја скрие тајната, Илија ја избркал од имотот, а таа го родила Мухарем и некое време просела во селото и околината; по некое време, Илија ја избркал од селото, но Мухарем останал и живеел како сирак, работејќи на туѓите имоти. Откако во својата исповед го признава Мухарем како свој син, Илија ветува дека целиот имот ќе му го остави нему, а истовремено, заради направените гревови во животот, ја искажува својата желба да биде закопан без надгробен споменик. На патот кон свадбата, Мухарем паѓа на земјата и мисли на лудата Мара, на Иванка и на својот петел кого за последен пат го гледа како лета на небото. Во меѓувреме, просјаците Петар и Јован стануваат и со последните сили се обидуваат да го продолжат понатаму, оставајќи ги зад себе Мухарем и свадбарите.Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 191-217.
Ликови Илија: Тој е типичен претставник на суров, автократски и нарциосоиден патријархален старешина. Грубоста во карактерот на Илија е изразена во неговиот нечовечен однос кон болната сопруга која ја мрази и постојано ја тепа, зашто во неговата назадна свест жената е само објект. Неговите чувства се движат од една до друга крајност: на едната страна се омразата и нечовечношта кон жената, а на другата страна се наоѓа најлирската љубов кон вонбрачниот син. Кај него е присутно чувството на вина поврзана на немоќта да го одржи машкиот пород во семејството. Но, неговата вина има пасивна природа, таа е фаталистичка, т.е. тој се чувствува како жртва на проклетството. На тој начин, кај него е присутен стремежот за универзализација, т.е. пренесување на личниот случај на метафизички план како судир со судбината. Во тој поглед, неговиот лик може да се сфати како карикатура на старите митски претстави за мажествената борба против небесните сили. Имено, судирот со небесните сили Илија несвесно ги приземјува, а херојската традиција од паганските митови ги заменува со лукавство и кукавичлак. Тој нема сила да ѝ се спротивстави на судбината, зашто не ја знае нејзината суштина и поради тоа, во согласност со менталитетот на неговото време, се служи со поедноставување, сметајќи ја жената за одговорна за потомството. Уште повеќе, неговата фрустрираност и интровертност се манифестираат низ насилството врз жените. Илија нема храброст да ги прекрши конвенциите и да го признае татковството на детето од вонбрачната врска и така неговиот план за спасување на машката линија пропаѓа и кај него се претвора во извор на страв. Затоа, тој е принуден да се однесува спротивно на неговите татковски чувства, а таа секојдневна игра на прикривање и спречување на сопствената татковска среќа претставува казна за неговата психолошка несовршеност. Наместо да им се препушти на емоциите, тој постојано ги потиснува од страв да не биде откриена неговата тајна и да не биде нарушен неговиот углед. Оттука, неговиот страв го наведува на нечовечко однесување кон Ниџара која ја брка од куќата штом таа останува бремена, потоа бездушно гледа како таа проси со неговото дете за на крајот да протера од селото. На свадбата, додека го измачува Мухарем, Илија останува парализиран и без способност за говор. На тој начин, тој е претставен како најголемиот грешник и најголемиот страдалник во романот кој е сурово казнет за своите гревови и од богат и угледен домаќин завршува како просјак кој живее од туѓата милост. Сепак, откако го казнува за суетата и нечовечниот однос, авторот на романот покажува милост кон Илија и му дозволува растоварување и олеснување така што Илија запаѓа во самоказнување. Драмата на Илија се одвива на две полиња: внатрешно, во областа на моралистичкото вреднување на човечките побуди и надворешно, на физичкото казнување за направените гревови. Дури откако ќе помине низ физичката и душевната казна, старецот Илија ќе биде ослободен и откупен за своето нечовечно однесување. Меѓутоа, ослободувањето на Илија е само условно: на крајот од романот не се остварува ниту една негова желба (озаконување на татковството, пренесување на наследството врз Мухарем, исклучување од обредниот закоп), но тој верува дека сите негови желби ќе се остварат. На тој начин, Илија е жртва на илузионистичко-иронична игра во која тој е заслепен и се однесува како да ги пребродил сите тешкотии, а со тоа се наоѓа од другата страна на реалноста.Зоран Глушчевић, „Поезија нишчих и бедних“, во: Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 226-237. Лудата Мара: Романот започнува со лудата Мара која е исфрлена од заедницата, а која е носителка на утописката идеја за збратимените луѓе и за општата љубов. Исто така, таа е магиска личност која со упорна автосугестија, фокусирајќи се на убавото и доброто, ги отстранува своите физички болки. Иако е луда, таа умее со мислите да се вивне над својата бедна состојба, а во своето лудило ја носи визијата на општочовечката љубов. Автосугестијата на лудата Мара има утописко-социјален и колективно-емоционален карактер: таа ја намалува поединечната болка само така што си ја претставува сликата на општата среќа и исчезнувањето на болката од целата земја. Со други зборови, задоволувањето на нејзиниот социјален инстинкт претставува клуч за поединечното ослободување од болката и страдањето. Со тоа, нејзината лична среќа е зависна од општата благосостојба, а тоа го покажува несебичниот универзално-хуман карактер на нејзиното битие - алтруистичката основа на хуманоста. Тоа зборува за идеалната општествена интеграција на единката која е можна само во социјално-магискиот однос со заедницата. Сепак, тука е присутен и рационална и позитивистичка логика во која личната благосостојба постои само ако е дел од општоважечката законитост, само ако е резултат на објективната неизбежност. Со тоа е воспоставена рамнотежата меѓу емотивното и рационалното, а тоа е знак за поединечната зрелост односно за утописката реалистичност.Зоран Глушчевић, „Поезија нишчих и бедних“, во: Миодраг Булатовић, Црвени петао лети према небу. Београд: Нолит, 1982, стр. 221-223.