Taq полимераза е термостабилна ДНК-полимераза I именувана по термофилниот еубактериски микроорганизам Thermus aquaticus, од кој првично била изолирана од страна на Chien et al. во 1976. Нејзиното име често е скратено на Taq или Taq pol. Се користи во полимераза верижна реакција (PCR).
T. aquaticus е бактерија која живее во хидротермални извори, и Taq полимераза била идентификувана како ензим способен да ги издржи белковиноденатурирачките услови (висока температура) потребни при изведување на PCR. Затоа, ја заменила ДНК-полимеразата добиена од E. coli која првично се користела при изведување на PCR.
Наводи
Категорија:Репликација на ДНК