Грамади — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Конско. Претставува населба и некропола од доцната антика. На десниот брег на Конска Река, спроти селото се гледаат грамади од кршен камен, како и остатоци од урнатини на станбени објекти. Се забележуваат и големи камени плочи од гробни конструкции тип циста.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 109, ISBN 9789989101069 Поврзано Долно Поле — населба од доцноантичкото време; Полјани — населба од доцноантичкото време; Попова Нива — населба и некропола од доцноантичкото време; Конско; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Конско