Основно училиште „Мите Богоевски“ (службено: Основно општинско училиште „Мите Богоевски“ - Ресен; скратено: ООУ „Мите Богоевски“) — централно основно училиште во градот Ресен, Општина Ресен.
Училиштето е именувано по македонскиот комунист и народен херој Димитар Богоевски.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Мите Богоевски“ - Болно, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Мите Богоевски“ - Јанковце, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Ресен Категорија:Основни училишта во Ресен Категорија:Основни училишта во Општина Ресен Категорија:Основни училишта во Македонија