мини|десно|Споменикот на Анте Поповски во Лазарополе Награда „Антев часовник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик од млад поет до 25 години. Воспоставена во чест на поетот Анте Поповски.

Награда Наградата „Антев часовник“ ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Симболиката на наградата е јасна: името на Поповски сведочи дека добитникот на наградата е Антев следбеник, а часовникот симболизира дека времето на младиот поет допрва доаѓа.

Историја Наградата „Антев часовник“ била востановена во 2019 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) на млад поет до 25 години со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите таленти. Нејзин прв добитник била поетесата Емануела Ковачевска.

Досегашни добитници ГодинаДобитникКнига поезија2019Емануела КовачевскаКожена душа2020Георгина ПетрескаСредбата на Вулкан и Минерва2021Марија ФилиповаТвоите далги на брегот на Стикс2022Рената ПенчоваТочки во бескрајот2023Светла ЈакшиќНоќен суфлер2024Нино НаумовскиСтефан СпасовскиИндиго солзиЌумур смоквин млеч2025Софија ТодороскаВероника ДимоскаПрвото утро на цутаротОмеѓување2026Дарија ЈовановскаМарија ВелиноваПротекувањеШтрингла

Наводи

Категорија:Македонски литературни награди Категорија:Македонски награди