Грамада — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Бучим. Претставува некропола од железно време. На 1 км западно од селото, на десната страна од патот за селото Шопур има повисоко зарамнето плато на кое се наоѓа тумул со пречник во основата од 10 м и височина од 2 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 325, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бунарџик — средновековна населба; Воденичарски Пат — тумул од железното време; Грамада — некропола од железното време; Падарница — тумул од железното време; Тумбарка — тумул од железното време; Бучим; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Бучим