Дива Топола - Крива Врба — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ораовица. Претставува населба од неолитско време. На 2,5 км југоисточно од селото, на составот на Радовишка Река и Ораовичка Река, на површина од 400 × 300 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и кремени орудија, според кои населбата е определена во времето на културната група Анзабегово-Вршник (IV).Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 330, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Велика Чука — тумба — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Градиште — градиште од римското време; Дива Топола - Крива Врба — населба од неолитското време ; Манастир Св. Ѓорѓи — средновековен сакрален објект; Троло — неолитска населба; Црвен Брег — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Ораовица; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ораовица