Карлсон од покривот одново лета (шведски: Karlsson på taket flyger igen) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1962 година. десно|мини| Линдгрен во 1924 година Содржина Повеста се состои од следниве глави:Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978. Карлсон од покривот одново лета Кај Карлсон Карлсон спроведува кифлено гнервирање Карлсон приредува пир со кифлички Карлсон и телевизиската тегла Ѕвончевата инсталација на Карлсон Малечкото сениште од Васасан Карлсон не е сениште, туку просто - Карлсон Видна девица се носи во виорен танц Убав, умен и доста дебел
Изданија на македонски јазик Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.
Наводи
Категорија:Дела на Астрид Линдгрен Категорија:Книги од 1962 година Категорија:Романи за деца Категорија:Шведски романи Категорија:Изданија на Детска радост