Изернхаген () — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа североисточно од покраинскиот главен град Хановер.

Етимологија

Првиот дел на името потекнува од зборот Изер или Изерне, што означува „железо“. Во средниот век, железна руда била откопувана долж реката Вице. Била топена на местото и користена како градежен материјал. Вториот дел од името Хагене или Хаген опишува дел од низина или обработлива површина, вообичаена за оградување од животни на фармите.

Географија

Изернхаген се граничи со Бургведел, Бургдорф (Хановер), Лерте, Хановер, Лангенхаген и Ведемарк (од север, надесно). Изернхаген се наоѓа на јужниот раб од Линебуршкото Поле.

Општински единици

Изернхаген се состои од следниве места:

Нидернхегенер Бауершафт Кирхер Бауершафт Фарстер Бауершафт Хоенхорстер Бауершафт Алтвармбихен Нојвармбихен Кирхорст

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хановер (регион)