Манастир Св. Ѓорѓија — археолошко наоѓалиште во кумановското село Старо Нагоричане. Претставува осамен наод од римско време. Покрај јужниот ѕид на манастирот, во 1966 година, при изведувањето на конзерваторските работи е откриен каменен блок - меѓник, оштетен во горниот и долниот дел, со димензии од 96 × 38 × 16 см. На блокот има латински натпис во кој се споменува „дарданската граница “.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 223, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бранчевица — населба од железното и римското време; Манастир Св. Ѓорѓија — осамен наод од римското време; Под Селото — населба од доцноантичкото време; Старо Нагоричане; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Старо Нагоричане