Мијашки Рид— археолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува некропола од железно време. На околу 500 м северозападно од селото, лево од патот Куманово - Пчиња се издига блага височинка на која во нивата на Ратко Трендевски е откриен гроб - циста, граден од делумно обработени камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад, и во него се најдени нож и две копја од железо. Во 1988 година од страна на Народн музеј - Куманово е извршено пробно ископување. Со сондата поставена близу до гробот бил откриен дел од темел на сувоѕидица, граден од појадри камења, широк 0,85 м, чија функција не е дефинирана. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 221, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Белуш — населба од римското време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Манастир — средновековна утврдена населба и некропола; Мијашки Рид — некропола од железното време; Св. Архангел — некропола од римското време; Селце — средновековно градиште; Стари Јаз — некропола од доцноантичкото време; Црквиште — населба од железното и римското време; Пчиња; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Пчиња (село)