Ќурчиска Карпа — археолошко наоѓалиште крај кумановското село Младо Нагоричане. Претставува населба од праисторија и од среден век. На околу 500 м јужно од патот Куманово - Крива Паланка, сметано од селските гробишта, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се сре ќаваат многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна провиниенција, од праисторијата до средниот век. Населбата влегува во комплексот на наоѓалиштето Костоперска Карпа.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Среѓеница — средновековна населба и некропола; Грамада — некропола од римското време; Јумерово — вила рустика од римското време; Костоперска Карпа - Жеглиговски камен — Повеќеслојна населба; На Брег — населба од неолитското време; Поканци - Селце — средновековна населба; Ќурчиска Карпа — населба од праисториското време до средниот век; Шантанов Камен — средновековна населба; Младо Нагоричане; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
Наводи
Категорија:Младо Нагоричане