Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Радовиш; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Радовиш, Општина Радовиш.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.
Историја
Училиштето се одделило од некогашното ЦОУ „Моша Пијаде“ во учебната 1975/1976 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. За реализација на наставата се користат 11 училници и 17 кабинети.
Во склоп на училиштето работат и паралелки за основно музичко образование, кое е посебно верифицирано во учебната 1984/1985 година.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Никола Карев“ - Бучим, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Прналија, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Никола Карев“ - Раклиш, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Никола Карев“ - Тополница, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на ОУ „Никола Карев“ - Радовиш
Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Радовиш Категорија:Основни училишта во Радовиш Категорија:Основни училишта во Македонија