Липјан или Липјане — историско село во областа Долен Полог, во Општина Брвеница, Тетовско.

Денес, местото е во крајниот северен дел од атарот на селото Челопек.

Потекло и значење на името

Во 1896 година, во книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“, Ѓорче Петров го спомнува Липјан како веќе поранешно село, наречено по многуте липи на тоа место.Г. Петров, Материали по изучаванието на Македония, София 1896, стр. 455.

Географија и местоположба

Липјан е пусто селиште, кое се наоѓа десно од реката Вардар на возвишение помеѓу селата Челопек и Стримница. Земјиштето на кое се наоѓало селото сега е составен дел од челопечкиот атар. Селските ниви во поголем дел припаѓаат на Челопек, а нешто малку и на Стримница.

Селото се наоѓало во областа Долни Полог, на околу 1,5 километри југозападно од Стримница.

Точната местоположбата на некогашното село е кај месноста Липјан или Липчани на границата помеѓу атарите на Челопек и Стримница.

Историја

Познато е дека селото постоело уште од средниот век, и сè до неговото иселување било населено со Македонци. Во турските документи од 1467-68 г. се спомнува како село со 12 семејства, под надлежност на молк (лице со воени заслуги). Во селото постоела и црква и се верува дека таа била кај месноста Црквица.

Во пишани извори, Липјан како село првпат се споменува во 1795 година во тапијата на Реџеп-паша, кој селото му го подарува на Тетовското теќе.

Во првата половина на век, селото се раселило. Неколку семејства се преселиле во Челопек (од родовите Трајковци и Гуној), а едно во Жилче (од родот Стојчевци). Понатаму, овие родови се иселувале во градовите Тетово, Скопје, Пловдив и на други места.

Дека селото постоело и се раселило забележал и Ѓорче Петров, давајќи приказ за предавничките особености на жителите од ова село, бидејќи самите ги повикале Турците во Тетовско за да им помогнат да им се одмаздат на околните села од кои биле претходно малтретирани.

Население Родови

Според истражувањата на Јован Трифуноски се знае за следниве родови од селото: Трајкоски (8 к.), кои се преселиле во Челопек на крајот на век. Го знаат следниот родослов: Јоше (жив, 65 години во 1948 г.)-Димо-Кузман-?-Трајко, кој се доселил. Три нивни семејства заминале во Скопје; Гуној (4 к.), сега живеат во Челопек, дошле заедно со претходниот род; Стојчевци (34 к.), живеат во Жилче од 1770-тите. Го знаат следниот родослов: Станче (жив, 60 години во 1948 г.)-Тодор-Антон-Милош-Трпче-Стојче. Од нив има иселени семејства во Тетово и Пловдив. Сите родови се иселиле бидејќи селото станало „змијарник“.

Поврзано Општина Тетово Долен Полог

Наводи

† † Категорија:Историски села во Македонија Челопек