Суперкуп на УЕФА 2020 било 45. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.

Во овој Суперкуп се сретнале екипите на , победник на Лигата на шампионите 2019-2020, и , победник на Лига Европа 2019-2020. Натпреварот се одиграл на Пушкаш Арена во Будимпешта, Унгарија на 24 септември 2020.

Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, на 12 август 2020 година; сепак, откако пандемијата на COVID-19 предизвикала одложување на завршницата на Европските клупски турнири од претходната сезона, Извршниот комитет на УЕФА избрал да го додели презакажаното Финале на Лигата на шампионите на Португалија и го премести Суперкупот во Будимпешта.

Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи ја Севиља со 2-1 по продолженија. Головите за победничкиот тим ги постигнале Леон Горецка и Хави Мартинес, додека стрелец за Севиља бил Лукас Окампос од пенал.

Екипи ЕкипаПласиран какоПретходни учества Победник во УЕФА Лига на шампиони 2019/204 (1975, 1976, 2001, 2013) Победник на УЕФА Лига Европа 2019/205 (2006, 2007, 2014, 2015, 2016)

Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога екипата го освоила натпреварувањето.

Натпревар Преглед на натпреварот По 13 минути на и бил досуден пенал, кога Иван Ракитиќ бил непрописно блокиран и повален на земја во казнениот простор од Давид Алаба. Лукас Окампос бил сигурен реализатор на пеналот, шутирајќи во левиот долен агол за да ги доведе шпанците во водство. Во 34-тата минута Бајерн Минхен изедначил на 1-1 со голот на Леон Горецка, по повратната топка од Роберт Левандовски. Натпреварот отишол во продолженија, каде замената Хави Мартинес, го постигнал победничкиот гол за Бајерн во 104-тата минута со удар со глава откако претходно голманот на Севиља Јасин Буну ја одбил топката во поле.

Детали Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.

GK 1 Мануел Нојер RB 5 Бенжамен ПаварCB 21 Лукас Ернандес CB 4 Никлас ЗилеLB 27 Давид Алаба CM 18 Леон Горецка CM 6 Јозуа КимихRW 10 Лерој Сане AM 25 Томас МилерLW 7 Серж ГнабриCF 9 Роберт ЛевандовскиЗамени:GK 26 Свен УлрајхGK 35 Александер НибелDF 17 Џером Боатенг DF 41 Крис РичардсMF 8 Хави Мартинес MF 11 Микаел КјуизансMF 19 Алфонсо Дејвис MF 24 Корентан Толисо MF 30 Адријан ФеинMF 40 Милик ТилманMF 42 Џамал МусиалаFW 14 Џошуа ЗиркзеТренер: Ханс-Дитер Флик GK 13 Јасин БунуRB 16 Хесус Навас CB 20 Диего КарлосCB 12 Жил Кунде LB 18 Серхио Ескудеро CM 8 Жоан Жордан CM 25 Фернандо CM 10 Иван Ракитиќ RF 7 Сусо CF 9 Лук де Јонг LF 5 Лукас ОкампосЗамени:GK 1 Томаш ВацликGK 31 Хави ДијасDF 3 Серхи ГомесMF 6 Немања Гудељ MF 14 ОскарMF 19 Марко АкуњаMF 21 Оливер Торес MF 22 Франко Васкес FW 11 МунирFW 15 Јусеф Ен-Несири FW 24 Карлос ФернандесFW 29 Брајан ХилТренер: Хулен Лопетеги

Играч на натпреварот: Томас Милер (Бајерн Минхен)

Помошни судии: Гари Бесвик Адам Нан Четврти судија: Орел Гринфелд Video assistant referee: Стјуарт Атвел Помошен video assistant referee: Пол ТирниПравила на натпреварот 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Изведување пенали ако резултатот и понатаму е нерешен Максимално 12 играчи на клупа Максимално три замени, со можност за четврта ако се играат продолженија

Екипа победник Победник на Суперкупот на УЕФА 2020

Бајерн Минхен2. титула

Наводи

Надворешни врски Суперкуп на УЕФА

2020