Ајсберг (оригинал: Iceberg) е италијанска луксузнa модна куќа. Основана во 1974 година од Силвано Џерани и Џулијана Маркини,History of Iceberg Brand куќата произведува женска и машка „прет-а-портер“ (облека спремна за носење), додатоци, мириси и детска облека. Тој е дел од групацијата Гилмар, основана во 1962 година. Нејзиното седиште е во Сан Џовани ин Марињано, Емилија-Ромања, Италија, и има бутици и продавници во градовите низ Европа, пред сè во Италија, но исто така и во Лимбург, Никозија, Ријад, Дубаи, разни градови во Кина итн. Синот на основачите, Паоло Џерани е креативна личност и раководител.
Почнувајќи како специјалисти за трикотажа, Iceberg биле ран поборник за концептот на модерна спортска облека, подоцна се прошириле кон кожна облека и фармерки. Нивните производи ги носеле Памела Андерсон, Парис Хилтон, Лил Флип, Лил Бил, Лил Ким и Миша Бартон. Лил Флип се повикувал на облеката на Iceberg во многу од неговите песни.bwgreyscale.com Во јули 2011 година, збирката на компанијата била претставена на модната писта на модната ревија „The Brandery“ во Барселона.The Brandery, Catwalk, TV Fashion Runway Show
Поврзано Булгари Гучи Прада
Наводи
Надворешни врски
Мрежна-страница на Iceberg
Категорија:Производители на обувки во Италија Категорија:Производители на облека од Италија Категорија:Модни куќи