Охридски камнар (Barbatula sturanyi) — вид риби зракоперка од родот Барбатула. Живее во Охридско Езеро.
Опис и распространетост Камнарот припаѓа на семејството Nemacheilidae. Камнарот има вретенесто издолжено тело, покриено со ситни, всадени лушпи. Телото до грбната перка е цилиндрично, а кон опашката благо странично сплескано. Главата е широка и дорзовентрално сплескана, додека очите се дорзално поставени. Устата е долна и на горната усна има шест мустаќи, четири на рилото и два во аглите на устата. Предниот носен отвор е цевчест. Бојата на телото зависи од местото на живеење. Обично грбот и страните на телото се сиви до сивокафени, по страните се сместени мраморести шари во вид на темнокафени петни. Стомакот е светложолтеникав до бел. Задната ивица на опашната перка е рамно засечена. По грбната, опашната и градните перки има повеќе реда на темни пеги. Пегите отсуствуваат на стомачните и аналната перка. Охридскиот камнар го населува Охридското Езеро и реката Црн Дрим со притоките.Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година
Основни биолошки одлики Охридскиот камнар полово созрева во втората до третата година од животот. Во периодот на мрестењето, кај полово зрелите мажјаци и женки, по телото и внатрешната страна на стомачните перки се јавуваат епителијални брунки. Се мрести во пролет, април и мај, ретко во март. Икрата ја положува на песок и камења. Плодноста на женката изнесува до 6.000 јајца со пречник од 1 до 1,5 мм. Мрестењето е порционо. Охридскиот камнар достигнива максимална дожина од 10 до 12 см. Животниот век и е до 8 години. Охридскиот камнар претставува риба од дното на чистите и бистри води. Живее на каменито и чакалесто дно, каде се крие под камењата. Младите се групираат во помали јата, додека возрасните живеат единечно. Се храни со ситни животинки од дното. Возрасните се хранат со разни без’рбетници и со икра од други риби.
Значење Нема никакво значење од аспект на рекреативен и стопански риболов.
Наводи
Надворешни врски
http://www.fishbase.org/Summary/SpeciesSummary.php?id=65107
Категорија:Риби во Охридско Езеро