Основно училиште „Реџеп Вока“ (официјално: Основно општинско училиште „Реџеп Вока“ - Шипковица; скратено: ООУ „Реџеп Вока“) — централно основно училиште во тетовското село Шипковица, Општина Тетово.

Училиштето е именувано по албанскиот духовник и училел Реџеп Вока.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Шипковица, на самиот негов крај, на патот кон соседните села Бродец и Вешала.

Историја

Наставата во училиштето започнала уште во 1917 година, додека официјално како основно училиште било основано во 1945 година од страна на Народниот одбор на Тетовската Околија.

Во 1962 година кон училиштето било споено ОУ „Лирија“ од селото Бродец, а во 1970 година било споено и ОУ „Беса“ од селото Вешала, кое во 2000 година повторно било издвоено.

Именувања

Називот на училиштето бил променет неколку пати и тоа: од 1945 до 1950 бил „Баб Дуда“ од 1950 до 1953 бил „Реџеп Вока“ од 1953 до 1993 бил „Јета е Ре“ од 1993 до денес повторно „Реџеп Вока“

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Реџеп Вока“ - Бродец, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Категорија:Шипковица (Тетовско) Категорија:Училишта посветени на Реџеп Вока Категорија:Основни училишта во Македонија