Радмила Ставриќ-Хрисохо (моминско: Крстова; во — во ) — македонски биохемичар и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Таа била првиот специјалист по медицинска биохемија во Македонија.
Животопис
Има дипломирано хемија на Природно Математичкиот Факултет во Скопје во 1953 година, а како специјалист по медицинска биохемија станала во 1961 година. Во 1965 година ја одбранила докторската дисертација „Kвантитативното одредување на јодните споеви во крвта“ на ПМФ и таа првата жена која се стекнала со докторска титула од областа на хемијата во Македонија. Своето усовршување во медицинската кариера го продолжува во Загреб и Белград, како и во Англија, Австрија и Данска.
Ставриќ-Хрисохо ја има основано Лабораторијата при Интерната клиника и станала шефица на истата во 1957 година. Станала директор на Институтот за клиничка биохемија со самото создавање во 1975 година. По нејзиното вработување, во биохемиската лабораторија биле воведени нови методи и анализи кои имале за цел потполно да ги задоволат барањата на сите образувани клинички одделенија на Интерната клиника.
Ставриќ-Хрисохо вовела и примена на современи анализи и методи во клиничката медицина и постојано семинарско образование. Има раководено со многу истражувачки проекти и публикувала над 80 трудови.
Ставриќ-Хрисохо исто така вршела и настава на Катедрата по биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје, како редовен професор (почнувајќи од 1986 година).
Ставриќ-Хрисохо била избрана за прв претседател на Здружението на медицинските биохемичари на Македонија во 1990 година, и била на чело на истото до 1992 година.
Признанија
На 7 април 2020 година, по повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво (МЛД) ѝ ја доделила Повелбата „Трифун Пановски“.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски биохемичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски публицисти Категорија:Југословенски биохемичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Битола