Златанка Белазелкоска (моминско: Кирилова; р. во ) — македонски специјалист по болести на устата и пародонтот и универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Животопис

Белазелкоска е родена на 26 март 1948 година во Скопје, Македонија. Матурирала во 1968 година во Скопје, а на стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет дипломирала во 1973 година. Звањето специјалист по болести на устата и забите го добила во 1977 година.

Магистрирала и докторирала на Стоматолошкиот факултет при Скопскиот универзитет во 1981 и 1989 година, соодветно.

На стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје, на Клиниката за болести на устата и парадонтот, се вработила во 1975 година. Во 1977 година била избрана во звањето помлад асистент по предметот болести на устата и пародонтот на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет. Во 1979 година била избрана во звањето асистент на Катедрата за болести на устата и пародонтот при Стоматолошкиот факултет во Скопје и уште трипати била преизбирана во истото звање. Во звањето доцент на истата Катедра била избрана во 1990 г. Изборот во звањето вонреден професор на д-р Златанка Белазелкоска бил извршен во 1995 г. За редовен професор били избрана 2000 година, а реизбрана во истото звање во 2005 година.

Издала над 120 статии, објавени во домашни и во странски публикации. Автор е на учебникот „Орална патологија“. Ја истражувала улогата на ензимите во етиопатогенезата на прогресивната пародонтопатија.

Проф. д-р Златанка Белазелкоска е активно вклучена во дејноста на Стоматолошкиот факултет и на стоматолошките клиники. Во неколку изборни периоди била избирана за секретар на Кадровскиот одбор при Наставно-научниот совет на Факултетот, од 1992 наваму. Проф. д-р Златанка Белазелковска била и раководител на Катедрата за болести на устата и пародонтот како и на Клиниката за болести на устата и пародонтот при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје.

Добитник е на повеќе награди и признанија.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски стоматолози