Цитате — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Ума. Претставува градиште од доцноантичкото време, сместено на 3 км североисточно од селото.

Опис и наоди Наоѓалиштето се наоѓа на висок рид со доминантна местоположба, на зарамнетиот простор на врвот со простор 150 × 80 м. Тука се видливи темелите од одбранбен бедем, градени од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Поврзано Чукарка — населба од доцната антика Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско

Наводи