„Состојбата на нештата“ (германски: Der stand der dinge) — германски филм од 1982 година, во режија на Вим Вендерс, кој е автор и на сценариото, заедно со Роберт Крамер (кој има мала улога во филмот). Главните улоги ги играат: Патрик Баухау, Ален Гарфилд и Изабеле Вајнгартен, Ребека Паули, Пол Гети и Семјуел Фулер. Во 1982 година, филмот освоил две награди на Венецијанскиот филмски фестивал: „Златен лав“ и наградата на филмските критичари, FIPRESCI.HRT, Stanje stvari, njemačko-britansko-nizozemsko-francusko-španjolski film (12) - Retrospektiva Wima Wendersa (пристапено на 4.10.2020)
Синопсис Во филмот се прикажува судбината на една филмска екипа која во Португалија снима филм со наслов „Преживеаните“. Меѓутоа, снимањето се прекинува откако екипата останува без пари и без филмска лента. За време на прекинот, членовите на екипата го поминуваат времето на различен начин: некои се опиваат, некои стапуваат во љубовна врска, а една глумица пишува забелешки. За да продолжи снимањето на неговиот прв филм, режисерот Фридрих (го игра Баухау) оди во Лос Анџелес во потрага по продуцентот Гордон (го игра Гарфилд). Таму, тој дознава дека продуцентот воопшто не обезбедил пари за снимањето, туку тоа го направил сценаристот Денис (го игра Гети). Најпосле, Фридрих успевада го најде Гордон, кој се вмешал во нечисти работи и поради тоа се крие од луѓето кои му се закануваат. Гордон му кажува на Фридрих дека филмот претставува пропаднат проект, а во мигот на нивната разделба, некој го убива Гордон. Додека Фридрих се труди да ја сними околината, непознатите убијци го убиваат и него.HRT, Stanje stvari, njemačko-britansko-nizozemsko-francusko-španjolski film (12) - Retrospektiva Wima Wendersa (пристапено на 4.10.2020)
Наводи
Категорија: Филмови на Вим Вендерс Категорија: Филмови со Патрик Баухау Категорија: Филмови со Ален Гарфилд Категорија: Филмови со Изабеле Вајнгартен Категорија: Германски филмови Категорија: Црно-бели филмови Категорија: Филмови со Ребека Паули Категорија: Филмови со Семјуел Фулер Категорија: Филмови на германски јазик Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови од 1982 година Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Португалија Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес