Мод Розита Ауер, (родена на 4 август 1952 година) — шведска стомачна танчерка, глумица и пејачка. Таа пораснала во Губанген во Стокхолм. Преку пријатели таа стапила во контакт со индискиот танц, а потоа и со турскиот танц. Започнала да работи како стомачна танчерка во Клуб Камелен во Гамла Стен во Стокхолм во 1969 година. Покрај тоа, таа студирала и глума на театарската школа Кале Флигарес.
Како глумица учествувала во неколку театарски претстави и имала улоги во голем број филмови и ТВ-продукции. Меѓу другите претстави, таа учествувала во сценското шоу на Повел Рамелс „Тингел Тангел на Тирол“ помеѓу 1989 и 1990 година. Станала пионерка во Шведска како прва професионална стомачна танчерка, имала и часови по уметност на ориентален танц. Таа е и главна пејачка на групата Розита Оер Бенд.
Во 2016 година, Розита ја објави својата автобиографија наречена „Во главата на стомачна танчерка„.
Наводи
Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1952 година