Клои Хелена Сајквија - Консепсион (родена на 17 август, 1994) е шведска-филипинска глумица, модел и носител на титула за убавина која била крунисана за Мис на Земјата Шведска 2016. Таа ја претставувала Шведска на изборот за Мис Земја 2016 година, каде завршила меѓу Топ 8.
Личен живот Клои е родена на 17 август 1994 година во Јуршхолм, Шведска. Студирала кинески јазик и глобален менаџмент на Универзитетот во Стокхолм. Таа е полусестра на филипинската глумица/ ТВ-водителка Кејси KC Консепсион. Клои е амбасадор на операцијата „Насмевка на Филипините“. Таа е ќерка на Габи Консепсион и неговата поранешната сопруга, поранешната манекенка и глумица Џени Сајквија. Откако се развела од Габи, Џени се омажи повторно и Клои го прифатила презимето на нејзиниот очув, Филип Скарн.
Мис На 28 август 2016 година, Клои била крунисана како Мис на Земјата Шведска 2016 година. Таа успеала да ја надмине Мис Земја Шведска 2015, Марија Таипалеменки, и ја претставувала Шведска на изборот за Мис Земја 2016 каде завршила меѓу Топ 16 полуфиналисти. На 23 септември 2018 година, Клои се придружила на Мис Универзум Шведска 2018, што се одржал во Кафе операта во Стокхолм, каде што се пласирала како вицешампион.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Мис Универзум Шведска
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски манекенки