Кругот На Касарните — археолошко наоѓалиште во градот Кочани.
Претставува населба од римско време.
На ридот што се издига во средниот дел на градот,над левиот брег на Кочанска Река, во и околу кругот на старите касарни се наоѓа некропола од I-III век. Во 1982 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил сондажно ископување (Ж. Винчиќ). Биле откопани повеќе гробови со камени конструкции - цисти, како и гробни јами со кремирани покојници положени во урни. Во археолошката литература се споменуваат девет питоси и еден епиграфски споменик најдени многу порано. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069
Поврзано Алењак — некропола од железното време; Барутница — населба од римското време; Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба; Горица — населба од железното и римското време; Гропче — средновековна некропола; Кругот на Касарните — некропола од римското време; Раечки Рид — населба од доцноантичкото време; Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време; Тикишински Лозја — некропола од железното време; Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време; Цигански Рид — средновековна некропола; Црница — некропола од римското време; Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време; Кочани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Кочани