Бахар Парс (персиски: بهار پارس) (родена на 28 март 1979 година) — иранско-шведска глумица и режисерка.
Детство Бахар е родена во Шираз, Иран, а во Трелеборг, Шведска дошла во 1989 година со своето семејство по војната во Иран и Ирак. Помеѓу 2003 и 2007 година студирала да стане глумица во „Teaterhögskolan“ во Стокхолм (во денешно време Стокхолмска драматична хогскола).
Кариера Парс имала неколку улоги во претстави и исто така неколку филмови. Дебитирала во филмот „När mörkret fallet“ во 2006 година. Во 2008 година ја извела улогата на Нина во „Måsen“ на Фарназ Арбаби, во Бака театарот. Во градскиот театар на Упсала, Парс ги играла насловните улоги во драмите Ана Каренина во 2010 година, сценската верзија на „Låt den rätta komma“ во 2011 година и „Хеда Габлер“ во 2013 година, последната во режија на Фарназ Арбаби. мини|Добивајќи ја наградата Медеа во Стокхолм, 2015 година. Во 2014 година, Парс глумела во претставата на Јонас Хасен Кемирис, „Jag ringer mina bröder“ во улогата на Валери, во режија на Фарназ Арбаби во Kulturhuset Stadsteatern. Во ноември истата година таа ја извела монолошката претстава „På alla fyra“ во Киленшехен во Kulturhuset Stadsteatern. Весникот Svenska Dagbladet дал поволна критика на перформансот на Парс и го опишал со „таа имаше тотална контрола врз нејзините начини на изразување“. Надвор од глумата, Парс исто така го режирала и била еден од творците на „Nyårsklockan“, во кој се појавуваат петнаесет женски културни личности.
Во 2015 година, таа била наградена со Медеа наградата со зборовите „На свој личен начин, Бахар Парс ги проширува начините да игра класични женски улоги и да ги донесе во наше време“.utgivare=Medeapriset Medeapriset - Bahar Pars medeapriset.se. Retrieved 16 January 2016 Таа ја имала главната улога како Берта во претставата „Marodörer“, напишана и режирана од Јенс Охлин во Драматен во 2015 година.
Личен живот Парс се омажила со Линус Тунстром и имаат ќерка родена во 2011 година.
Телевизија
2008 Повикајте 2008 Атентатот 2010 Жртвата на кралицата 2014 Четвртиот човек 2015 Арне Дал: Сон на летната ноќ 2016 Најдоброто семејство 2016 Вердгарден
Филмови
Кога паѓа темнината (2006) Пукнатина (2009) Комесар Винтер (2010) Одметници (2010) Настан во банка (2010) Човек наречен Ове (филм) (2015) Зона 261 (2016 )
Наводи
Надворешни врски
на IMDb
Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски телевизиски глумци Категорија:Шведски глумци