Основно училиште „Тошо Арсов“ (официјално: Основно општинско училиште „Тошо Арсов“ - Штип; скратено: ООУ „Тошо Арсов“) — централно основно училиште во градот Штип, Општина Штип.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан, партиски и воен раководител на НОБ, Тодор Арсов.
Историја
Училиштето било изградено во 1962 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Тошо Арсов“ - Почивало, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Тошо Арсов“ - Чардаклија, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Тошо Арсов“ - Штип (нас. Македонка), подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Штип Категорија:Основни училишта во Штип Штип Категорија:Основни училишта во Македонија