Марија Гунила Јохансон Товле (родена на 7 април 1956 година во Стокхолм) е шведска глумица, филмска режисерка и професорка на Стокхолмската академија за драмски уметности.

Во 1963 година, на 6-годишна возраст, Јохансон била на аудиција за улогата на „Тјорвен“ во ТВ серијата „Vi på Saltkråkan“ (Ние во Салткрикан), напишана од Астрид Линдгрен и била прифатена. Таа ја играла Тјорвен во серијата, како и во четири последователни филмови произведени од 1964-1967 година.

Јохансон студирала на Шведската национална академија за мимика и глума до 1981 година. Работела како филмска, ТВ и театарска глумица до 1998 година, кога започнала да работи како режисер. Таа се заинтересирала за истражување на глумата, а магистрирала и докторирала на Универзитетот во Содертерн. Нејзината докторска теза од 2012 година се вика „Skådespelarens praktiska kunskap“(Практичното знаење на глумецот).

Таа е професор по истражување на уметноста на Стокхолмската академија за драмски уметности.

Избрана филмографија

1981 година - Операција „Лав“ 1981 година - Петел 1981 година - Едноставно умислено убиство 1987 година - Дневната градинка Ликан (ТВ) 1988 година - Животот низ вратата (ТВ) 1996 година - Божиќен говор 1998 година - Доктор на архипелагот (ТВ)

Наводи

Надворешни врски на IMDb

Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски режисери Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Луѓе од Стокхолм