Основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ (официјално: Основно општинско училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ - Драгоманце; скратено: ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“) — централно основно училиште во селото Драгоманце, едно од трите основни училиште во Општина Старо Нагоричане.

Училиштето е именувано по македонскиот комунист и истакнат партизан Христијан Тодоровски-Карпош.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Драгоманце, веднаш до самиот локален пат кон селата Кокино и Арбанашко.

Историја

Училиштето најпрвин започнало да работи во зградата на денешниот Ученички дом, додека денешниот објект бил изграден во 1954 година. Во 1999/2000 и 2004/2005 година биле вршени зафати на училиштето при што бил променет покривот.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Арбанашко, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Пелинце, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Во минатото активно било и основното училиште во Челопек, кое било петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Старо Нагоричане Категорија:Драгоманце Драгоманце Категорија:Основни училишта во Македонија