Томи Хилфигер порано позната како Томи Хилфигер корпорација и Томи Хилфигер АД, е американска врвна марка за производство на облека, обувки, модни додатоци, мириси. Компанијата била основана во 1985 година, и нејзиниот асортиман се продава во голем број на стоковни куќи и над 2000 самостојни малопродажни продавници во 100 земји. Во 2006 година, приватната фирма „ Апакс Партнерс“ ја купила компанијата за приближно 1,6 милијарди долари. Во мај 2010 година, PVH Corp. (тогаш позната како Филипс-Ван Хеузен) ја купила компанијата. Даниел Гридер бил назначен за извршен директор во јули 2014 година, додека основачот Томи Хилфигер останал главен дизајнер на компанијата, водејќи ги дизајнерските тимови и надгледувајќи го целиот креативен процес. Глобалната продажба на мало преку марката изнесувала 6,4 милијарди американски долари во 2013 година, и 6,7 милијарди американски долари во 2014 година .

Наводи

Категорија:Производители на часовници од САД Категорија:Производители на обувки во САД Категорија:Модни куќи Категорија:Производители на облека од САД Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори Категорија:Страници со застарена синтакса за слики